Неда Арнериќ, 63-годишната актерка која падна од тераса, има скршено три вратни пршлени, но за среќа и покрај стравувањата да не остане инвалид, докторите дадоа позитивна прогноза дека актерката со тек на време ќе се опорави. И покрај ова, тажни вести стигнаа од болницата каде лежи актерката. Таа попадот е постојано тажна, не зборува и западнала во длабока депресија.
Актерката не сака да прима посети, дури ни членовите на семејството. Сепак, вчера ја посетила нејзината пријателка Весна која вели дека гледа само во една точка со очи полни солзи.
Неда сака да биде сама и инсистира никој да не доаѓа и да не ја вознемирува.
– Се наоѓа во соба со три пациенти, но слабо комуницира. Не зборува, не јаде, постојано лежи, додава пријателката.
Според неа, Неда е кревка жена на која ќе и треба време да се опорави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст