| четврток, 6 декември 2018 |

Врие во Република Српска: Опозицијата ќе протестира, а патријархот нека си проповеда во црква

rs protesti

Опозицијата не се откажува од протестот во Република Српска, и го повика патријархот Иринеј да остане неутрален и да не се меша во политиката.

Откако тоа го најавија и другите лидери на опозициските партии во ентитетот на БиХ Република Српска, и претседалот на Српска демократска странка Младен Босиќ потврди дека в сабота ќе се одржи протест на опозицијата во Бања Лука.

-Добивме одобрение за протести од градските власти на Бања Лука и не гледам причина да се откажеме од тоа, рече тој за телевизија БН.

Според него, власта во Република Српска се обидува да ја игнорира реалната состојба и не сака да ги види проблемите на граѓаните.

-Власта се фаќа за се за на јавноста да се обиде да и прикаже дека станува збор за протести кои имаат за цел исклучиво уривање на власта. Закажавме мирни протести, согласно законот. Тоа значи дека со тие протести сакаме власта да го слушне гласот на народот и да се спушти на земја, вели Босиќ.

Тој ги отфрли тврдењата дека протестите на опозицијата се инструирани од меѓународната заедница и рече дека собирањето на граѓаните во Бања Лука е сосема легално и согласно сите демократски процеси.

Босиќ тврди дека нема да има никакви конфликти и дека опозицијата ќе стори се до тоа да не дојде.

Одговарајќи на повиците да се откаже протестот на опозицијата и контрапротестот на власта, каков што упати меѓу другите и српскиот патријарх Иринеј, Босиќ предложи Милорад Додик да го одржи контрапротестот следниот ден.

Тој смета дека Српската православна црква мора да остане политички неутрална и порача патријархот да не се меша во политика како што направи кога отворено го поддржа Додик на последните избори.

Сообраќајот во центарот на Бањалука од утрото  е блокиран, а во меѓувреме пристигаат илјадници луѓе што ќе присуствуваат на одвоените политички собири кои за точно напладне ги закажаа опозиционите и владејачките партии.
Строгиот центар на Бањалука е затворен за сообраќај, а стотици полицајци се видливи на секој чекор. Полицијата постави и метални пречки во обид да спречи секаков можен контакт меѓу приврзаниците на претседателот на Република Српска Милорад Додик и симпатизерите на опозицијата.

На сите патни правци што водат кон Бањалука се поставени полициски контролни пунктови на кои се проверуваат патниците што доаѓаат на собирите.

Владејачката Сојуз на независни социјалдемократи очекува на нивниот собир да има околу 30 илјади приврзаници, додека коалицијата на опозициски партии предводена од Српската демократска партија не изнесуваше проценки, иако во полиција најавиле дека во Бањалука ќе дојдат меѓу 100 и 150 автобуси.

На обезбедување се ангажирани 2.000 полицајци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top