| четврток, 6 декември 2018 |

Стар лисец: Обрадовиќ го мотовира Антиќ на македонски (ФОТО)

Турскиот кошаркарски гигант Фенербахче беше во резултатска негатива од седум поени во последната четвртина во полуфиналето од Евролигата, но на крајот изедначија (72:72), за во продолжение да слави со 88:77.

obradovic antikj
„Не се подготвувавме да шутиравме, имавме слаб проток на топката. Не ја игравме нашата игра. Но успеавме со добра одбрана да преживееме и да обезбедиме продолжение. Таму беше друга приказна, затоа што се разбудија моите играчи, кои спиеа цело второ полувреме”, изјави српскиот стратег на клупата на Фенер, Жељко Обрадовиќ.

Обрадовиќ по тешката победа над Лаборал, со поединечна порака до секој кошаркар ги мотивираше своите играчи пред утрешното финале. Пораката за македонскиот интернационалец Перо Антиќ, беше напишана на македонски јазик и гласеше „Уште една”.

obradovic antikj 2

Обрадовиќ е „стар лисец”, свесен дека најголемиот предизвик допрва претстои, дуел со одличниот тим на ЦСКА кој ќе решава за европската круна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top