| четврток, 6 декември 2018 |

Демнат однатре: Во белгиската војска има радикализирани муслимани

belgiska vojska

Вкупно 60 војници од белгиската армија се осомничени како радикализирани муслимани. Тоа го објавуваат локални медиуми повикувајќи се на информации од министерот за одбрана Стевен Вандепјут.

Тие војници се под присмотра на военото разузнавање, јави БТА. Од нив 55 се војници и петмина се подофицери.

Досега ниту еден војник од вкупно 30.000 не бил отстранет од служба поради радикален ислам.

Локалните медиуми јавуваат и за проверки во однесување на лица вработени во белгиската железница. Неодамна беше соопштено и за случаи на радикализирани вработени во аеродромот во Брисел, во градскиот транспорт па дури и во компаниите за чистење уличен смет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top