„Целосна невистина“ е текстот на Дојче веле за хрватска блокада на српските преговори со ЕУ, јави хрватската новинаска агенција Хина повикувајќи се на извори во МНР на таа држава.
– Медиумскиот напис на Дојче веле е целосна невистина и нема врска со факти, наведува агенцијата повикувајќи се на извори во Министерството.
– Станува збор за чиста пропаганда и шпекулации со цел дезинформирање на јавноста, додава изворот за написот на Дојче веле.
ЕК може „благо да ги модифицира“ своите барања спрема Србија заради хрватската блокада, наведе претходно Дојче веле на српски јазик и додава дека постои надеж дека до крајот на јуни може да бидат отворени две поглавја.
Медиумот тврдеше дека во Германија постои големо незадоволство што Хрватска ги кочи спрските преговори со ЕУ и оти хрватскиот министер за надворешни работи Моро Ковач бил повикан во Одбор на германскиот Бундестаг да ги објасни тие ставови.
На што реагира официјален Загреб
Дипломатски извори тврдат дека најголемиот проблем е кај Загреб и дека се чека зелено светло од таму.
И покрај дипломатската кативност околу хрватската блокада на српските преговори со Европската Унија, на тоа поле и понатаму владее статус кво, дознава Дојче веле од дипломатски извори.
Интерен документ на германското министерство за надворешни работи открива дека Холандија сака да ги отвори преговарачките поглавја 23 и 24 до крајот на јуни, и дека тој став јасно го поддржува и Германија.
„Условите за отворање на поглавјата, според нас, се исполнети со соодветниот акциски план. Затоа се залагаме за поддршка на соодветниот извештај на Европската комисија“, се вели во документот во кој Дојче веле имал увид.
Се потсетува на трите хрватски барања: Србија да ја ограничи надлежноста за воени злосторства на својата територија и државјани, да ги исполни сите барања на Хашкиот трибунал и да утврди механизам според кој на претставниците на хрватското малцинство би им било гарантирано место во парламентот.
Од трите барања, Германија има разбирање само за условот за соработка со Трибуналот.
„Србија од почетокот на 2015 не спроведува повеќе налози за апсење“, се вели во документот. Иако тоа не се прецизира, се мисли на барањето за предавање на Војислав Шешељ, и тројца негови правни советници поради непочитување на судот.
Се истакнува и изјавата на српскиот премиер Александар Вучиќ дека Србија ќе соработува со Хаг кога „сите во Хашкиот трибунал ќе научат да ја почитуваат Србија“.
„Останува отворено како и со што Хрватска на крајот ќе биде убедена да попушти во својата блокада“, вели извор за Дојче веле од Берлин. Кога ставовите во Брисел ќе бидат прилагодени, ќе се побара Србија да се изјасни за нив.
Холандското претседателство со Европската Унија трае до крајот на јуни и се наведува дека сѐ уште постои надеж до тогаш да бидат отворени спорните поглавја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст