Германската разузнавачка служба ја обвини Владата на Русија дека со цел за саботажа и шпионажа стои зад меѓународната кампања на сајбер нападите Sofacy и Sandworm чијашто мета беше Германија и германскиот парламент.
Компаниите за сајбер-безбедност уште претходно најавија дека руски сајбер пирати стојат зад ападите на Sofacy, познат и под називот АРТ28 или Pawn Storm чијашто мета во последните години беа западните институции меѓу кои и НАТО. Исто така, Sandworm кој е дело на руските хакери е виновен за големиот преки на електрична енергија на западот на Украина на 23 декември минатата година.
„Сајбер-нападите на руските разузнавачки служби се дел од операцијата од меѓународни размери чијашто цел е да се дојде до стратешки информации. Некои од тие операции веројатно траат од седум до единаесет години“, изјави во соопштението шефот на германската разузнавачка служба BfV, Ханс-Георг Масен.
„Тие кампањи најчесто се насочени кон добивање на информации, односно шпионажа. А сега, руските разузнавачки служби покажуваат наклонетост кон саботажа“, изјави Масен.
Кампањата на сајбер напади под името Sofacy/APT 28 се смета за една од најактивните и најагресивните и германската разузнавачка служба смета дека со нив управува руската држава, наведено е во соопштението.
Долниот дом на германскиот парламент Бундестаг беше погоден од непријателскиот софтвер Sofacy во пролетта 2015-та година и нападот ја компромитираше неговата мрежа на податоци. Германската разузнавачка служба исто така ја спомена и кампањата Sandworm чија што цел е сајбер саботажа.
„Покрај државните институции на мета на нападите биле телекомуникациски и енергетски компании, како и универзитети, односно образовни институции“, стои во соопштението.
Масен изјави дека интернетот отвора нови можности за шпионажа и саботажа. Тој истакна дека информатичката безбедност на државните, административните, економските и научните институции константно е загрозена. Сепак, портпаролот на Министерството за внатрешни работи ги увери германските граѓани дека заканата од сајбер напад нема пораснато.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст