Претседателот Си Џинпинг се обидел да го прекине фалењето и расфрлањето на младите богаташи кое во Кина се нарекува „фуердаи“ што се преведува како богаташи од втора генерација. Имено, тој се обидел да воведе забрана за појавување на богатите деца во реални шоуа.
Меѓутоа, неговите напори се осудени на пропаст, бидејќи разгалените фалбаџии се` повеќе се појавуваат на Инстаграм, каде што секојдневно споделуваат фотографии од својот расипнички живот.
Богатите млади Кинескињи се фалат со своите скапоцени автомобили, дизајнерска облека и скапоцени дестинации до кои стигнуваат со приватен авион. Една од нив е девојка која има прекар Sian_vivi_x, која има само 21 година, а има 70 илјади следбеници на Инстаграм.
Таа објавува видеа и фотографии на кои со пријателите пие шампањ на јахта, лета со приватен авион и апсолутно не жали што туку што потрошила дури 60 илјади долари на 12 шишиња скапоцен шампањ.
„Навистина жалам што излегов во град со овој автомобил. Па, во него ништо не собира“, напишала друга разгалена богаташка под фотографијата која ја објавила на Инстаграм, на која се гледа колку гардероба купила.
Нејзиното расипништво отишло толку далеку што под нејзината фотографија од скапоцен прстен (од ’ситни’ 16 илјади фунти) напишала опис: „Ммм, изненадување после ручек“.
Нивното однесување го привлече вниманието на јавноста во 2012 година кога Линг Гу, висок функционер, направил сообраќајна несреќа со своето „ферари“ во Пекинг и загинал. Кога полицијата дошла на местото на несреќата, пронашла три девојки кои биле со него во автомобилот и сите три биле тешко повредени. Две од нив биле целосно голи. Пари имало насекаде.
После тоа, во април 2013 година серија скандали го привлече вниманието на јавноста на шокантното однесување на целата младина. „Шангај дејли“ пишуваше дека забави постојат само за младите богаташи, на кои има многу секс и дрога.
Во тоа време била претресена и една јахта, после дојава дека манекенките на неа наплаќаат секс за речиси 80 илјади евра.
Многу од скандалите набрзо биле заташкувани, а со тоа е само поттикната омразата на останатите кон младината која е заштитена само затоа што е пребогата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст