| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид завиен во црно, ИСИС масакрира 16 фанови на клубот

Шеснаесет обожаватели на Реал Мадрид, членови на фан-клуб во Ирак, се масакрирани од страна на терористите од Исламска држава, пренесе шпанскиот весник „АС“.

Како што пренесуваат медиумите, нападот се случил во седиштето на клубот во Багдад, кога мажи вооружени со калашњикови упаднале во зградата во која имало околу 50 луѓе.
Се верува дека има најмалку 16 мртви и повеќе од 20 повредени.

realmadridirak

– Група терористи од ИД дојдоа во кафулето, вооружени со калашникови, пукајќи кон сите што беа внатре. Тие не го сакаат фудбалот, мислат дека е анти-муслимански. Тие само извршуваат вакви напади. Ова е ужасна трагедија – изјави претседателот на клубот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top