| четврток, 6 декември 2018 |

Трет Скопски цветен фестивал во Градски парк

Градот Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ ве покануваат на отворањето на третиот по ред Скопски цветен фестивал кое што е закажано за утре во 11 часот, во вториот дел од Градскиот парк, на просторот наспроти „Паркот за миленици“.

Третото издание на Скопскиот цветен фестивал ќе се одвива под мотото „1000 цвета за Скопје“, во текот на два фестивалски дена – утре (14.05.2016 година, сабота) и задутре (15.05.2016 година, недела).

На цветниот фестивал посетителите ќе имаат можност да купат цвеќе и цветни аранжмани, да ја изразат својата умешност со цвеќето, да добијат совети, консултации и идеи поврзани со уредувањето и одржувањето на цвеќето и  зеленилото, да се дружат на отворено и да се забавуваат.

Покровител на фестивалот е градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, а организатор е ЈП „Паркови и зеленило“.

На отворањето на Цветниот фестивал ќе му претходи цветно дефиле во кое ќе учествуваат околу 450 деца од градинките и основните училишта, како и велосипедисти од неколку велосипедски здруженија, а кое ќе тргне утре во 10 часот од фонтаната „Лотосов цвет” во Градскиот парк и ќе заврши на локацијата предвидена за фестивалот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top