Парискиот весник пренесува, повикувајќи се на податоци од француските и белгиските служби, дека властите во неколку наврати безуспешно се обиделе да го фатат Абауд, кој од неколку европски разузнавачки служби бил сметан за голема закана пред нападите во ноември во Париз.
Абауд бил убиен во полициска рација пет дена по терористичките напади на ИСИС. Повеќето од 130. жртви на нападот биле заложници во париската концертна сала „Батаклан“. Оние кои ги преживеале нападите и семејствата на жртвите денес одбележуваат шест месеци од смртоносното насилство во Париз, кое ја потресе Франција, каде тогаш била воведена вонредна состојба која е сè уште на сила.
Франција и претходно била внимателна поради нападите на редакцијата на сатиричниот француски весник „Шарли ебдо“ и еврејскиот супермаркет во текот на јануари 2015. година, кога биле убиени 17 лица.
„Ле паризиен“ пренел дека властите до септември 2015 година ја идентификувале поврзаноста на Абауд со спречените напади на еден воз и една црква, а постоело сомнение дека се планира еден голем напад. Во извештајот на дневникот било наведено дека еден сведок рекол дека Абауд од него побарал да најде концерт или друга лесна мета со многу луѓе, со цел да земе заложници и да загине борејќи се со полицијата.
Франција во 2014. година се приклучила на коалицијата која ја предводат САД во борбата против ИСИС во Ирак, но не и во Сирија. Претседателот Франсоа Оланд ја променил тактиката во септември 2015.година, кога Франција почнала со напади од воздух во Сирија, за да спречи опасност од напади на своја територија.
Весникот наведува дека одлуката била поттикната од податоците за Абауд, како и дека мета на француските напади на 27. септември во сирискиот град Деир ез Зор бил неговиот камп за обука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст