Неофицијално, трагедијата се случила на класниот час. Учениците играле игра, во која Алан изгубил. Почнал да плаче, а набрзо заѕвонило ѕвончето за крај на часот. Откако излегла наставничката, десетгодишниот Алан Хоџиќ им се заканил на другарчињата дека ќе скокне од прозорец. Тие не го сфатиле сериозно, мислејќи дека се шегува, но тој навистина го отворил прозорецот и се фрлил.
Хоџиќ во понеделникот скокна од прозорец од вториот кат на училиштето во кое учел.
Не ни е јасно, дали паднал, дали се фрлил. Ова е голема трагедија. Жал ни е, велат од училиштето.
Додека се уште нема официјални информации за случајот, бидејќи истрагата е во тек, се разнесе информација дека Алан сакал да фати сигнал за интернет од кафулето до училиштето, па не сакајќи, паднал од прозорецот.
Дали самиот скокнал или се лизнал и паднал, верувајте не ни е јасно. Не знам што се случило точно, вели неговиот татко Јасмн Хоџиќ, кој пред неколку дена се вратил од Канада за да живее и работи во БиХ.
Во Бихаќ вчера беше ден на жалост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст