Опозицијата и владејачката партија во Република Српска ги повикаа своите приврзаници на протести пред локалните избори што треба да се одржат во октомври, а додека опозицијата ќе протестира против невработеноста и корупцијата, приврзаниците на владејачката партија се повикани за да и дадат поддршка на владата.
Според Лукач, доколку инфилтрираните групи успејат во тоа да предизвикаат нереди, тогаш „големи маси ќе се упатат кон зградите на Собранието и Владата на Република Српска“. Министерот за внатрешни работи додал дека поради ова двете институции ќе бидат со максимално обезбедување, а за целосното обезбедување на двата протести ќе бидат ангажирани околу две илјади полицајци.
„Сите што ќе ги нападнат институциите ќе бидат санкционирани, а институциите ќе бидат заштитени“, рекол Лукач, додавајќи дека во сите автобуси кои ќе доаѓаат во Бања Лука ќе има полицајци. Се очекува дека во градот ќе пристигнат од 100 до 150 автобуси со приврзаници на опозицијата, додека пак бројката со приврзаниците на владејачката партија, Алијансата на независните социјалдемократи (СНСД), ќе изнесува од 150 до 200 автобуси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија