Нискиот рејтинг на СДСМ е единствената причина поради која Заев одбива изборно соочување, ако СДСМ имаше и најмала шанса за победа, ќе имавме избори на 24 април или 5 јуни, рече аналитичарот и професор Владимир Божиновски за Пулт на Радио Слободна Македонија.
Прв пат минатава недела го слушнав Заев а каже дека ќе победи, но јас навистина не знам која е поентата на таа изјава, затоа што никако не може да го мотивира своето членство, а истовремено се урива неговиот кредибилитет со давање изјави кои се далеку од реалноста и влегуваат во категоријата политички гаф. Ако се одржат избори, убедливо ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Тие имаат стабилно гласачко тело на кое му станаа вистински партнер кој дава отчет и програма. Довербата тешко се стекнува, а лесно се губи. Ние немаме видено ниту брошура во која СДСМ ќе каже што планира да прави. Освен она папагалско повторување „слобода демократија слобода демократија“. Избегнувањето избори се должи единствено на нискиот рејтинг. Ако имаше некаква шанса да се приближи до ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе имавме избори, вели Божиновски.
Тој смета дека доколку изборите не се одржат на 5 јуни треба да продолжи да си функционира владата на ВМРО и ДУИ до следните избори или локалните избори 2017 г.,а во меѓувреме да се спроведуваат препораките од меѓународната заедница.
Беше прифатливо на кус рок да се формира техничка влада, но стана јасно дека за СДСМ техничката влада е цел сама за себе, односно тие сакаат учество во власта без избори. Доколку СДСМ не сака да оди на избори, не гледам причина владејачката партија да сака да оди на избори на 5 јуни. Но не гледам ни причина за нови одложувања. Пролонгирањето се прави само заради пролонгирање. Значи секој некаков иден датум повторно ќе биде негиран од СДСМ. Треба владата на ВМРО и ДУИ да продолжи да си функционира до следните избори или локалните избори 2017 г., а во меѓувреме да се спроведуваат препораките од меѓународната заедница, вели Божиновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст