| четврток, 6 декември 2018 |

Јапонија на иднината: Во оваа земја има повеќе елетрични одошто бенизнски станици

ev stanici japonija

Тоа што им задава главоболки на сопствениците на електрични автомобили во Европа и САД, воопшто не ги загрижува сопствениците на таквите возилата во Јапонија.

Таму воопшто сопствениците на таквите автомобили не можат да се грижат дали нивниот автомобил ќе ја помине посакуваната дестинација пред повторно да му бидат наполнети батериите – во Јапонија во моментов има повеќе пунктови за електрично полнење на автомобили, отколку стандардни бензински пумпи, покажа истражувањето на Нисан.

Јапонскиот производител на автомобили чиј што модел Leaf има домет од 172 километри со едно полнење на батериите, тврди дека во Јапонија постојат дури 40 илјади места на кои што сопствениците на електричните автомобили можат да ги наполнат батериите од своите возила, а тоа е поголема бројка од „стандардните“ бензински пумпи кои во Јапонија ги има 35 илјади.

japonija elektri;ni pumpi

Електричните автомобили полека но сигурно земаат солиден замав на автомобилскиот пазар, но сепак, се уште постои страв од тоа сопствениците да се најдат оддалечени од својата конечна дестинација и притоа да останат со празни батерии, односно да немаат можност каде да ги наполнат батериите.

Во Јапонија тоа не е случај со оглед на тоа што таму веќе има 40 такви „електрични пумпи“ од кои има дури 6,469 брзи (CHAdeMO). Само за споредба, во Европа такви пумпи има 3,028, додека во Соединетите Американси Држави има 1,686.

EV stanici

Тоа што критичарите им го префрлуваат на истражувачите на Нисан е фактот што во истражувањето е вклучен и бројот на електричните пумпи кои се во приватна сопственост, односно не се достапни за секого.

Исто така, бензинските пумпи имаат повеќе места на кои што повеќе коли одеднаш можат да наточат гориво и дефинитивно можат да снабдат со гориво повеќе автомобили на дневна база од пунктовите за полнење на електричните автомобили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top