| четврток, 6 декември 2018 |

Опасни игри над Балтикот: Британски борбени авиони пресретнаа руски

Британски борбени авиони го извеле првото пресретнување на руски авион во рамките на полициската мисија на НАТО над Балтикот

britanski avioni baltik 2

Авионите, кои се распоредени во регионот пред помалку од три седмици, полетале од воздухопловната база Амари во Естонија, за да пресретнат три руски авиони кои се приближувале до балтичката држава.

Воените транспортни авиони биле идентификувани како AN-26, AN-12 и IL-76, бидејќи не емитувале признат идентификациски код и не одговарале на повиците.

Секретарот за одбрана на британската авијација, Мајкл Фелон рекол:

“Ова е уште еден пример колку важен придонес има Велика Британија во мисиите на Балтикот. Бевме во можност веднаш да реагираме на овој акт на руската агресија и да ја демонстрираме нашата посветеност во колективната одбрана на НАТО”, рекол тој.


Четири “RAF-Typhoоn” и пилоти од Втората ескадрила од Кралските воздухопловни сили биле распоредени во април за поддршка на НАТО мисиите. Досега британските авиони дури 17 пати интервенирале за да пресретнат повеќе од 40 руски авиони.

Еден од пилотите кои биле вклучени во мисијата изјавил дека акцијата била завршена рутински со помош на копнените сили.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top