| четврток, 6 декември 2018 |

Киното во Драчево прераснува во Дом на културата

Киното во селото Драчево ќе пререасне во Дом на културата. Во тек е реконстркција со средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и во руралниот развој.

На приземјето, кое се протега на 690 квадрати и на катот со површина од 460 квадратни метри ќе функционира повеќенаменска сала со сцена и техничка просторија, гардероби, канцеларии за месна заедница, канцеларија за матичар, сала за венчавки и архива, снек бар, тоалети… Во рамките на дворот е предвидена изведба на летна сцена со трибини и партерно уредување.

Проектот се работи со финансиска поддршка на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, преку мерката 321, подобрување на квалитетот на животот во рурални средини, врз основа на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година за кој општина Кисела Вода аплицираше преку секторот за локален економски развој.

Неговата реализација ќе овозможи жителите на селото Драчево на местото на руинираниот објект изграден во 1946 година, да добијат современ простор за културно дружење и забава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top