СВР Куманово поднесе кривична пријава за А.Л.(49) од Куманово, директор на ЈЗУ Општа болница-Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторена злоупотреба на службена положба и овластување.
Во текот на 2015 и 2016 година, пријавениот не презел законски мерки и не спровел судски спор со тужба пред надлежен Основен суд за неисполнување на обврски од договор за упатување на специјализација на специјализант од ЈЗУ Општа болница-Куманово.
Имено, со договор специјализантот бил испратен на специјализација на Медицински факултет во Скопје за време од пет години, по што специјализантот за време на специјализација примал плата, патни трошоци, надомест, но не ја завршил навреме специјализацијата, а пријавениот не презел законски мерки поради неисполнетата обврска овозможувајќи на специјализантот да се здобие со противправна имотна корист 709.600 денари на штета на буџетот на болницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


