| четврток, 6 декември 2018 |

Хорот „Вива вокс“ од Белград утре во МОБ

Во рамките на 44. „Мајски оперски вечери“, во сабота, 14 мај, со почеток во 20 часот, концерт ќе одржи мегапопуларниот хор, „Вива вокс“, од Белград…

Основан е пред 10 години од страна на група средношколци и нивната професорка и диригент Јасмина Лорин. Името го добива во 2005 година, а во 2009 година во нивните изведби хористите воведуваат „битбокс“, техника која заедно со специфичните аранжмани на песните кои ги изведуваат го формира уникатниот звук на хорот по кој се познати насекаде низ светот.

Стилот на изведба на хорот „Вива вокс“ поминува низ повеќе трансформации, но денес тоа е уникатна комбинација на автентични акапела интерпретации на поп-рок и алтернативна музика надополнета со битбокс.

Нивно најголемо достигнување е настапот во концертната сала на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк на 14 јануари 2013 година како дел од прославите на Православната нова година.

„Вива вокс“ се единствена музичка група од регионот што добила шанса да настапи во средиштето на Обединетите нации, со што се придружува на малкумината големи уметници на кои им била укажана ваква чест. Хорот исто така настапува и во големата сала на плоштадот Тјананмен во Пекинг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top