| четврток, 6 декември 2018 |

Обама денеска дава заклетва во Белата куќа

Американскиот претседател денеска ќе положи заклетва во Белата куќа, а во понеделник јавно во Капитол. На инаугурацијата на вториот мандат Обама ќе се заколне не на една, туку на две библии – на Абрахам Линколн и на Мартин Лутер Кинг

Протоколот вели дека пред заклетвата во Белата куќа, Обама ќе положи венец на воените гробишта во Арлингтон во Вашингтон. На овој дел од церемонијата ќе присуствуваат новинари и мал број луѓе, главно членови на семејството на Обама, а истата процедура ќе се повтори и утре во Капитол.

Иако милиони луѓе во светот ќе го следат инаугурациониот говор на Обама, а според очекувањата, во Вашингтон ќе се соберат околу 800.000 лица, тоа е значително помалку од 1,8 милиони, колку што се собраа во Вашингтон во 2009 година, за време на неговиот прв инаугурационен говор.

Обама овој пат ќе внесе симболична измена во долгогодишната традиција, бидејќи на инаугурацијата на вториот мандат заклетвата ќе ја положи држејќи ја раката не на една, туку на две библии – Абрахам Линколн и Мартин Лутер Кинг.

Воведувањето на Библијата на Кинг има посебно значење, бидејќи инаугурацијата е на 21 јануари, на денот посветен на водачот на борбата за правата на афроамериканците, кој пред 50 години пред Меморијалниот споменик Линколн, го одржа познатиот говор „Јас имам сон“.

Во случувањата кои ќе ја следат инаугурацијата ќе учествуваат голем број ѕвезди како Бјонсе, Кети Пери, Стиви Вондер, Алиша Киз, Ашер, Бред Пејсли и Кели Кларксон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top