| четврток, 6 декември 2018 |

Децата денеска возеа кон иднината

Гордан Нацев  од ОУ „Блаже Конески“  е победник на втората по ред трка со ролерки, наречена „Возиме кон иднината“ која денеска се одржа на булеварот „Илинден“, во организација на ЈУ Детски културен центар – Карпош од Скопје и Град Скопје.

trka-so-roleri--2

Стартот, како и минатата година, така и оваа беше од пред фонтаната во Градски парк, а натпреварувачите се движеа до раскрсницата на булевар „Илинден“ со ул. „Никола Тесла“ (кај ЈП „Паркови и зеленило“).

Нацев  доби ролери со заштитна опрема, второто место го освои Алек Магдевски од ОУ „Невена Георгиева-Дуња“ и доби комплет ролерки, а трет на целта пристигна Валентино Каранфиловски, соученик на Алек и како награда доби комплет заштитна опрема или заштитна кацига и штитници за раце и за нозе.

trka-so-roleri-3

Во манифестацијата „Возиме кон иднината“ минатата година учествуваа околу 400 учесници, а годинава на „Ролеријада 2013“ учествуваа околу 500 деца од 18 основни училишта. Сите учесници во манифестацијата, нивните ментори и наставници од ДКЦ „Карпош“ добија благодарници за придонесот во масовноста на „Ролеријада 2013“.

trka-so-rolei-1

Во оваа спортска манифестација учествуваа ученици од повеќе основни училишта од градот и од околината. Целта на оваа рекреативна масовна акција е развивање на спортскиот дух на нашите најмлади, како и создавање навики за спортување.

trka-so-roleri-m

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top