| четврток, 6 декември 2018 |

Загина холивудски актер на 28 години

Дваесет и осумгодишниот Ник Лашавеј загина во тешка сообраќајна несреќа кој се случи во неделата во Масачусетс. Американскиот актер беше познат, особено меѓу тинејџерската публика, по своите улоги во популарната серија „Girls”, како и филмот „The Last Song”, каде играше покрај Мајли Сајрус.

Како што се наведува во полицискиот извештај, Лашавеј во бесознание е пронајден зад воланот на својот џип кој горел. Еден од полицајците го извлекол и се обидел да го оживее со вештачко дишење, пред да стигне Брзата помош. Префрлен е во блиската болница каде што е прогласен за мртов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top