| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжени викенди: Погледнете кои се неработни денови до крајот на 2016 година

Согласно одуката на Министерството за труд и социјална политика, нареден неработен ден за сите граѓани е вторник, 24 мај, денот на словенските просветители Кирил и Методиј.

Неработен ќе биде и 23 мај, но само за припадниците на влашката заедница во Македонија кога ќе се одбележува Националниот ден на Власите.

Во продолжение сите неработни денови до крајот на годината.

За сите граѓани на РМ

• 24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

• 5 јули (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,

• 02 август (вторник), Ден на Републиката

• 8 септември (четврток), Ден на независноста

• 11 октомври (вторник), Ден на народното востание,

• 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври

(понеделник) е неработен ден

• 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

• 17 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден

• 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци

• 25 декември (недела), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 12 септември (понеделник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (понеделник), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 12 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top