| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е Свети Василиј Острошки: Ако барате помош од овој светец, од утре треба да…

Денеска православната црква го прославува Свети Василиј Острошки. Неговите мошти како голема светост се чуваат во острошкиот манастир во црна Гора. Таму верниците одат на поклонение, но интересно е што овој манастир го посетуваат верници од сите религии. Поклонувајќи се пред неговите мошти многумина успеале да се излекуваат.

Многу верници од долниот до горниот манастир одат пеш, односно одат боси низ шумската патека, која е со камења и земја и на тој начин прават подвиг за да ја добијат милоста на светецот.

Многумина веруваат дека ако се заколнат на Свети Василиј дека ќе одат на Духовден во острошкиот манастир, нивната болест или болеста на нивните блиски ќе исчезнат „како со рака однесени“.

Ако решите да побарате помош од овој светец, од утре треба да почнете со строг пост кој ќе трае се до Тоица или до Духовден кога треба да одите во Острошкиот манастир и таму да се причестите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top