| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган предупредува: Црното Море станува руско езеро, Македонија мора да се приклучи во НАТО

Erdogan-angry-600x360

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оцени дека НАТО силите не се доволно добро распоредени на Црното море и не можат да му се спротистават на руското воено присуство на тоа место, пренесува РТ.

„Му реков (на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг) дека НАТО Алијансата е отсутна во Црното Море. Црното Море стана руско езеро“, истакнал турскиот престседател Реџеп Таип Ердоган на состанокот на началниците на генерал-штабовите на балканските народи во Истанбул.

Турскиот претседател на состанокот нагласил дека ќе побара од НАТО алијансата да го реши тоа прашање веќе на претстојниот самит кој ќе се одржува во полската престолнина Варшава.

Russian warships are seen during a rehearsal for the Navy Day parade in Sevastopol, Crimea, July 24, 2015. Russia will mark Navy Day on July 26. REUTERS/Pavel Rebrov

„Ако не тргнете во акција уште сега, историјата тоа нема да ни го прости“, порачал Ердоган.

Турскиот претседател истакна дека треба да се засили и балканското крило на НАТО и јасно порача дека Македонија и Босна и Херцеговина наскоро треба да се приклучат на НАТО Алијансата за да ја засилат.

makedonija-nato-790x438

Напнатоста помеѓу Русија и НАТО е во константен пораз веќе подолго време и тоа се проширува на многу подрачја, од Сирија, преку Црното море па се до Балтичките земји каде што често руски и авиони на НАТО се пресретнуваат и изведуваат опасни маневри. Тензиите дополнително ги подгреа и ракетниот штит кој е поставе во Романија, а од денес треба да биде целосно оперативен.

САД и НАТОсоопштија дека противракетниот штит кој може да открие и собори ракети е исклучиво одбранбен и дека во секој случај е немоќен против руските интерконтинентални балистички ракети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top