НУ Национална галерија на Македонија потпиша меморандум за соработка со Националната галерија на Албанија.
Договорот беше потпишан во просториите на Националната галерија на Албанија од страна на директорите на двете институции, г-дин Артан Шабани од Националната галерија на Албанија и д-р Дита Старова Ќерими од НУ Национална галерија на Македонија, а на свеченото потпишување присуствуваа и заменик министерот за култура на Албанија г- дин Зеф Чуни, и државниот секретар на Министерството за култура на Македонија, г-дин Бехиџудин Шехаби.
При посетата на Албанија директорката на Националната галерија Дита Старова Ќерими и државниот секретар г-дин Бехиџудин Шехаби остварија средба со министерот за култура на Р. Албанија г-ѓа Мирела Кумбаро Фурџи .На средбата се разговараше за билатералната соработка помеѓу Р. Албанија и Р. Македонија, со особен акцент на културата и соработката помеѓу двете институции која ќе отпочне со воспоставување на реципрочна културна соработка помеѓу двете земји, базирана врз размена на идеи, искуства, знаења, програми итн.
Целта на соработката помеѓу двете страни е ставањето во функција на просторните и интелектуалните (човечки) ресурси на двете институции за реализација на проекти, истражувања, уметнички престои, семинари, предавања и слично. Истакнато едека покрај продлабочувањето на билатералната и регионална соработка, интензивно и заеднички ќе се соработува и на заедничката меѓународна афирмација во значајни метрополи и културни институции од висок ранг во Европа и Америка.
На средбата се договорени размена на изложби, размена на искуства во менаџмент со културни институции, соработка во сферата на уметничката и кураторска едукација, престои на уметници и на куратори, усовршувања или истражувачки проекти, консултации во сферата на уметноста, едукацијата и соработка на други полиња на интерес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димитар Николов-Таки: ДФРМ и Агенцијата за филм имаат за цел да создадат лажна слика дека основниот претставник на филмските професионалци
-
МОБ ќе потпише меморандум за соработка со Националниот театар од Сараево
-
Во НУБ вечерва се отвора Координативниот центар за културна соработка на Иницијативата „16+1“
-
Ферари и Мерцедес не сакаат да соработуваат со Мекларен