| четврток, 6 декември 2018 |

Ноќта продолжија земјотресите во Битола

zemjotresДваесетина земјотреси со епицентри во преспанско-битолскиот регион се регистрирани во текот на ноќта. Најсилниот потрес е регистриран во 22 часот и 49 минути со интензитет од 5 до 6 степени според Европската макросеизмичка скала, со епицентар на 20 км западно од Битола. По него следувале уште два изутрината во  2 часот и 8 минути и во 3 часот и 16 минути со интензитет од 3 до 4 степени според Европската макросеизмичка скала, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top