| четврток, 6 декември 2018 |

Европска конференција за дизајн во „Јавна соба“

На 19. и 20. мај во „Јавна соба“ и Европски универзитет Скопје ќе се одржи европската конференција за размена на научни и практични искуства во дизајн. Дваесет експерти од областа на дизајнот и  образованието за дизајн ќе ги претстават своите идеи и предлози за унапредување на образованието и на образување квалитенти кадри за дизајн, кои полесно ќе го најдат својот пат до компаниите.

Образованието за дизајн во Макеоднија не е целосно нова дисциплина, но можеби поради тоа што било застапено преку други студиски форми, никогаш не било нагласено во пошироата јавност. Со појавата на приватните факултети за дизајн и почнување на Неделата на дизајн во Скопје, преку организирање серија работилници за млади дизајнери почнаа да се раѓаат нови марки, кои зачекоруваат самостојно на пазарот. Со тоа, дизајнот добива сè повеќе на цена, а со тоа студиите за дизајн стануваат поатрактивни меѓу младите луѓе. Факт е дека на образованието за дизајн во Македонија му се потребни реформи, каде што преку овој тип конференција на европско ниво ќе се разменуваат значајни искуства. Ова е од огромно значење насекторот за дизајн  и образованието воопшто.

Конференцијата е дел од проектот „Практика за дизајн“, кој се реализира со цел да се зголеми практичното образование во институциите, односно да младите дизајнери излезат од факултетските клупи со доволно знаење, искуство и вештини за да бидат поатрактивни за компаниите. По шесмесечното истражување на состојбата во секторот за дизајн во Македонија, Хрватска и во Австрија, ќе се компарираат резултатите од трите земји и ќе се нудат конкретни предлози за унапредување на програмите.

Конференцијата е во организација на Јавна соба, Европски универзитет на РМ, Скопје и компанијата Завар во соработка со проектните партнери од повеќе европски земји. Проектот е поддржан од страна на Европската делегација во Брисел, програмата Еразмус плус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top