Македонскиот тим Авис е единствен од регионот што се пласира на глобалниот натпревар „Спејс апс челинџ“ на НАСА во категоријата „Избор на публиката“ и со своето иновативно решение се најде меѓу најдобрите 25 тимови на светско ниво.
Тимот е составен од тројца средношколци и еден студент. Нивниот проект се состои од апликација, наменета за обичните корисници на дронови да можат полесно да ги управуваат своите летала, да не ги прекршат правилата за летање на конкретната територија и да се доведат во незгода.
Како што се наведува во соопштението на тимот, доколку победат тие ќе има можност да го развиваат својот проект во рамки на Европската програма за акцелерирање подготвена во соработка со НАСА и комерцијални компании од вселенската индустрија од САД и Велика Британија.
Гласањето е отворено до недела, а за да победат и да присуствуваат на лансирање на ракета во „Кенеди спејс центарот“ на НАСА, можете да гласате тука.
Во следните две недели ќе бидат објавени и резултатите за другите два тима победници од Македонија „Солар џамп џет“ и „Спејс манкис“, кои се победници во категориите најинспиративно решение и најдобар концепт за мисија за кои ќе нема можност за јавно гласање и судиите од НАСА ќе го имаат последниот збор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст