Во ерата на брзите технологии и интернетот информации патуваат со брзина на светлината. Ситуацијата е далеку полоша ако сте позната личност затоа што секој ваш чекор е следен од медиумите. Но ако сте влијателен политичар дури тогаш и тоа како треба да внимавате на се.
Но сепак на крајот се излегува на виделина порано или подоцна, колку и да тие се трудат да го скријат минатото или бурната сегашност. Нивните секс скандали се најдоа на листата на најпознати во светот, а на некои од нив повеќе не им е дозволено да се занимваат со јавни функции. Некои имаат бурно минато, а некои толку се забавувале во сегашноста што тоа ги чинело семејство и бракот. Има и такви кои за нивна среќа не живееле во ерата на брзите технологии инакуќе беа растргнати од медиумите.
Дејвид Камерон и прасе
Добро слушнавте! Британскиот премиер Дејвид Камерон наводно го ставил својот пенис во уста на мртво прасе. Во автобиографијата „Викајте ме Дејв“ која ја пишуваа лорд Ашкрофт и политичкиот новинар Елизабет Оукшот, се наведува дека тоа бил процес на иницијација на Камерон во елитното Пирс Гејвстон друштво на Оксфорд.
Томас Џеферсон и конкубина
Еден од основачите и таткото на САД, кој ја напишал Декларацијата на независноста, имал доста бурен живот. Џејмс Календер кој бил во неговата канцеларија тврди дека Томас држел роб и конкубина, девојка по име Сали. Дури според некои наводи тој има и неколку деца со неа. Негова среќа е што не живеел во ерата на интернетот и брзата технологија, па не стигнал да се најде на сите насловни страни.
Силвио Берлускони
Ако некој заслужува да се најде на оваа листа тогаш тоа е сигурно овој човек. За неговиот секс скандал се зборуваше со месеци, а сопругата набрзо поднела и барање за развод. Силвио три пати беше премиер на Италија, а транскрипти и снимки откриле раговори со неколку проститутки, една дури и потврдила дека и ветувал место во Европскиот парламент. Тој фраерски одговорил на овие обвинувања – само се насмеал, како да порачал дека сепак не е светец. Берлускони во 2013 година беше осуден на 7 години затвор поради плаќање на сексуални услуги на малотеници и забрането е му да биде на јавни функции.
Бил Клинтон и Моника Левински
Ова веројатно е еден од најпознатите секс скандали кои го потресоа светот. Клинтон беше познат по својата љубов кон поубавиот пол, а овој скандал го чинеше политичка кариера и новиот претседателски мандат.
Тони Блер и Венди Денг
Таа беше сопруга на светскиот магнат Руперт Мурдок, а се зборуваше дека таа и Тони се среќавале во неговата куќа во Калифорнија. Дури според некои наводи таа постојано му праќала пораки во кои го фалела изгледот на Тони, неговите нозе и задникот. Тој во времето на скандалот ги отфрли сите обвинувања, но се уште се зборува дека токму оваа афера е заслужна за неговиот развод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.