| четврток, 6 декември 2018 |

Дождот нема да престане – температурата денеска

vremenska prognoza

Претпладневремето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне прво на запад, а потоа на повеќе места ќе има пороен дожд (над 20л/м2), грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Локално е можна и појава на невреме со град. Ќе дува умерен до повремено засилен претежно јужен ветер. Минималната температура ќе се движи од 6 до 13, а максималните ќе бидат во интервал од 20 до 27 степени.

Од петок ќе следува период на ветровито време со умерен до засилен ветер од југозападен и западен правец, кој ќе биде најизразен на повисоките места и на планините. За време на викендот во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top