На предизборната коалициска листа ГРОМ ќе учествува со четири кандидати за пратеници и тоа: Чедомир Саздовски, кој доаѓа од Општинската организација ГРОМ – Кисела Вода во Изборната единица 1, Бети Тасевска од ОО ГРОМ Штип во Изборната единица 3, Панчо Минов од ОО ГРОМ Кавадарци во Изборната единица 4, и Милка Ѓурковиќ од ОО ГРОМ Гостивар во Изборната единица 6.
Ова беше констатирано на дванаесеттата седница на Централниот одбор на Граѓанската опција за Македонија што се одржа синоќа во хотелот „Континентал“ во Скопје и на која присуствуваа претставници од сите општински организации на партијата.
Во својата елаборација пред членовите на Централниот одбор, претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, ја образложи детално актуелната политичка состојба во Република Македонија. Меѓу другото, истакна дека ГРОМ како партија, секогаш се залагала за учество на избори и за институционално решавање на проблемите, а не преку бојкот и креирање на хаос во државата, со што се поткопуваат нејзините институции и се загрозува нејзината безбедност.
Претседателот Јакимовски потенцираше дека ГРОМ во изминатите две години, се позиционираше како респектабилен партнер на политичката сцена во Македонија, изнесувајќи ги аргументирано на прес конференции своите ставови во јавноста за актуелните политички збиднувања.
Непосредно пред поднесувањето на кандидатските листи за избор на пратеници на изборите на 5 јуни, лидерот на ГРОМ му предложи на Централниот одбор предизборно коалициско учество со заедничка изборна листа со ВМРО-ДПМНЕ и останатите коалициски партнери. Овој предлог тој го образложи со континуираната политика на ГРОМ во изминатиот период за поддршка на владејачката коалиција, и како логичен след на настаните, продлабочување на политичката соработка со оваа коалиција.
На крајот од оваа седница, се донесе заклучок дека ГРОМ како политичка партија и во наредниот период ќе работи на свое зацврстување и окрупнување на македонската политичка сцена, со што би се позиционирала како битен фактор во политичкиот живот на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст