СДСМ соочена со нискиот рејтинг повторно панично бега од соочување со волјата на народот.
Затоа СДСМ не поднесе кандидатски листи за пратеници во законскиот рок и на тој начин уште еднаш призна дека ја нема поддршката од македонските граѓани.
На „Бихаќка“ им е сосема јасно дека и покрај сите деструкции и сценарија, покрај насилни протести и „бомби“, рејтингот на нивната партија не само што не е во пораст, туку бележи и пад. Граѓаните со секоја наредна анкета покажуваат дека имаат се помалку доверба во опозицијата.
На тој начин, граѓаните го осудија мрачното сценарио и деструктивното однесување на СДСМ. Од друга страна, рејтингот на владејачката партија се уште е најголем и расте. Народот искажува доверба на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи во таа партија ја препозна и поддржа патриотската политика и економијата која дава огромни резултати.
Аналитичарите велат дека резултатите од анкетите се очекувани. Тие сметаат дека СДСМ нема ниту да се доближи до високиот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ ниту на среден рок, а многу е веројатно дека тоа нема да се случи ниту на долг рок.
СДСМ бега од избори поради својот низок рејтинг, недовербата која ја “уживаат“ кај граѓаните, поради тоа што десетта година се во опозиција, креираат деструкции, а не програма. Сите останати тези на СДСМ за тоа зошто не одат на избори беа побиени со факти и докази од надлежните институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст