| четврток, 6 декември 2018 |

Русите тестираат бомба која може да ја уништи цела Франција

Русија се подготвува за тестирање на нуклеарната бомба која има сила да ја уништи цела Франција или пак државата Тексас во САД пишуваат медиумите.

Уште во 2009 година Русија почнала да го развива РС-28 Сармат, супер-тежок термонуклеарен интерконтинентален балистички проектил. Денес, седум години подоцна, Русија планира прво тестирање на оружјето.

Се предвидува дека силата на оваа бомба е толку голема што може само за неколку моменти да ја избрише целата нација.

Проектилот ќе биде во состојба да носи 12 боеви глави, а дометот ќе му биде 10 илјади километри, што значи дека на „дофат“ на Русија ќе и бидат сите европски метрополи, но и американските градови на јужниот и на западниот брег.

Првото тестирање може да се случи ова лето, а оружјето би можело да стане официјален дел од рускиот контигентн нешто пред 2020 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top