| четврток, 6 декември 2018 |

Трансфер на векот: Купен за 25 фудбалски топки, продаден за 35 милиони евра

renato sancez

Старо-новиот шампион на Германија, тимот на Баерн (М) ја доби битката за суперталентираниот фудбалер од редовите на португалскиот гигант Бенфика, Ренато Санчез.

Големата “војна” за младиот фудбалер, баварскиот гигант ја водеше со англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.

Според последните информации кои пристигнаа од Германија и Португалија, челниците на Баерн (М) понудиле 6 мил. евра повеќе од тие на “црвените ѓаволи”, а тоа било доволно за да се задоволи апетитот на раководните лица на Бенфика.

Нормално дека португалскиот прволигаш е најзадоволен од реализација на овој трансфер, затоа што клубот може да биде побогат за околу 80 милиони евра.

Шампионот на Германија мораше веднаш да одвои 35 мил. евра за обештетувањето на Санчез, а во зависност од неговите игри во Бундес лигата и од бројот на трофеи кои Баерн (М) ќе ги освои во следните неколлку сезони, трансферот на 18-годишниот фудбалер може да порасне на 80 милиони евра.

Бенфика на овој начин го реализира трансферот на векот, затоа што фудбалерот кој има потекло од Зеленортските Острови беше ангажиран за 25 фудбалски топки. Португалскиот гигант го ангажираше Санчез кога имаше 9 години. На скаутите им беа доволни само 15 минути за да сфатат колкав е неговиот потенцијал.

За да ја добијат потребната исписница, челниците на Бенфика ветија дека ќе му дадат 25 фудбалски топки на неговиот поранешен клуб Агујаш Мусгеири. Сепак, португалските медиуми открија дека Бенфика се уште го нема исполнето тоа ветување иако веќе поминаа девет години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top