| четврток, 6 декември 2018 |

Жандармеријата го тргна споменикот на ОВПМБ во Прешево

Немало инциденти додека српската Жандармерија со тешка механизација го отстранувала споменикот на ОВПМБ од плоштадот во Прешево.

Во отстаранувањето на споменикот учествувале 200 жандарми. Според Ивица Дачиќ, Српскиот премиер и министер за внатрешни работи, акцијата поминала без инциденти и употреба на сила. Додаде дека државата интервенирала по истекувањето на законскиот рок.

– Србија покажа доволно трпение, но и испрати јасен сигнал дека законот мора да се почитува и дека никој не е посилен од државата, рече Дачиќ.

Споменикот на ОБПМБ лани беше поставен на плоштадот пред општинската зграда без документаација за тоа. Белград даде рок до 17 јануари да биде отстранет. Наместо тоа пратениците во општинското Собрание, по истекот на рокот ретроактивно усвоиле предлог за поставување споменик и најавиле дека ќе ја комплетираат документацијата потребна за легализацијата на споменикот.

Во меѓувреме здружението на ветераните од ОВПМБ предложи тој споменик да биде преместен во дворот на џамијата или пред Домот на културата во Прешево. Според косовските медиуми, предлогот дошол од Приштина и Тирана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top