| четврток, 6 декември 2018 |

И тоа има, кашкавалот предизвикува зависност!

Кашкавалот предизвикува зависност еднаква како и тешките дроги и тоа само поради една супстанција – казеин, утврдиле научниците.

Целта на истражувањето била да се открие зошто одредени видови храна предизвикуваат поголема зависност од другите, и користејќи ја „Јеил“ (Yale) скалата за мерење зависности од храна, откриено е дека кашкавалот создава зависност речиси иста како и тешките дроги.

Гореспомената супстанција, односно споро разградливиот протеин – казеин (а кој се наоѓа во сите млечни производи, особено во кашкавалот), предизвикува опоидни рецептори во мозокот кои се поврзани со зависноста, па така кај луѓето создава склоност и желба за често консумирање на кашвалот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top