| четврток, 6 декември 2018 |

Огнено отворање: Пукање пред сплавот на Тамара Ѓуриќ, има и ранети

tamara djuric

На денот на свеченото отварање момче е рането во нога по вооружена престрелка која се случила на паркингот пред сплавот на старлетата Тамара Ѓуриќ.

Момчето е со приватен автомобил било префрлено во Ургентниот центар, а на самото место е повикана и полиција.

Ѓуриќ не присуствувала на инцидентот, заминала пола час порано.  Како што дознаваме, тепачката се случила на паркингот каде старлетата го дели со сопственик на друг ресторан.

Инаку, овој сплав чиј сопственик бил водителот Владимир Станојевиќ изгоре во почетокот на март, а Тамара одлучила да го среди од ново.

Во угостителската работа се впуштила со манекенот Борис Стаменковиќ, кој го поткрена овој сплав со Станојевиќ.
„Додека е он во Америка, јас ќе се погрижам да го средам ресторанот и да продолжам со работата. Борис имаше доверба во мене и ми ја препушти работата, а јас ќе се погрижам се да биде како и порано и работата да процвета“, изјавила Тамара.Полицијата истражува како дошло до пресметка и кој од учесниците го започнал пукањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top