| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ и САД нема да пријават кандидатски листи за парламетнарните избори

aivo orav dzes bejli
Наспроти очекувањата на јавноста, делегациите на ЕУ и САД во Македонија, сепак, нема да пријават своја посебна кандидатска листа за парламентарните избори кои се закажани за 5 јуни.

Со ова одржувањето на изборите на 5 јуни речиси сигурно е невозможно и истите ќе бидат презакажани за понатамошна дата.

Во кратката изјава која ја дадоа за медиумите, амбасадорите на САД и ЕУ Џес Бејли и Аиво Орав кратко рекоа дека нема да пријават сопствена листа, бидејќи не се задоволни од медиумската балансираност, односно неможноста во ист момент Бејли да има интервјуа на 4 национални телевизии туку мора да оди во телевизиите една по една. Амбасадорите како што дознаваме се незадоволни и од избирачкиот список кој е препрпочистен и на кој фалат неколку милиони Американци и жители на ЕУ.

Во јавноста на широко се шпекулираше дека токму ЕУ и САД се единствената политичка опција која може да конкурира на ВМРО-ДПМНЕ. На анкетите, рејтингот на СДСМ забележа драстичен пад после појавувањето на Бејли и Орав како политички чинители и огромен дел од поддрувачите на опозицијата јавно соопштуваа дека на изборите ќе гласаат за бејли и Орав, а не за СДСМ.

За кого ќе гласа опозицијата кога ќе дојде ден за избори, ако не може за Бејли и Орав – останува да биде мистерија која ја мачи демократска Македонија.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top