| четврток, 6 декември 2018 |

Во пожар изгоре куќа на кумановец, корисник на социјална парична помош

Во пожар утрово изгоре куќата на 50 годишниот кумановец Цане Спасовски во кумановската населба „Стари Лозја“.  Во пожарот, кој петмина пожарникари со едно возило два часа го гасеа на кровот и на дел од куќата нема повредени лица.
Командирот на ТППЕ Куманово, Деан Илиевски изјави дека кај нив пожарот бил пријавен пред осум часот, а целосно бил изгаснат  пред  10 часот.
Трошната куќа на Спасовски речиси целосно е уништена, како и  скромниот имот кој го поседува овој 50 годишен корисник на социјална парична помош.
Во изјава за медиумите Спасовски објасни дека го разбудил специфичен звук и оти се сомнева дека пожарот настанал од плинска боца која ја користел за готвење.
Цаневски денеска апелираше до надлежните институции, локалната власт и добронамерните граѓани и компании да му помогнат во изградба на кровот на куќа во која со години живее овој куманвец. Кумановскиот Црвен Крст на Спасовски му донираше хуманитарна помош ќебиња, облека и храна.
Инаку, според статистиката на ТППЕ Куманово ова е втор пожар во текот на месецот на индивидуална куќа, во урбана средина, во април пожарникарите интервенирале 6 пати, во март три, во февруари 11 пати, а во јануари пожарникарите интревенирале на пожари во куќи, станови,трговски објекти 16 пати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top