Бармени подготвуваа коктели во рамките на „Бар шоу“ организирано од Здружението на бармени на Македонија, кое се одржа на 25 април, во „Метрополис арена“. Дваесетте бармени мораа да приготват по два коктели за четири минути, додека, пак, во финалето најдобрите десет за шест минути пред жирито презентира четири коктели. Оваа година меѓу бармените имаше и една дама.
– Ова е единственото бар шоу што се одржува во Македонија – вели Дарко Ангелески, претседател на Здружението на бармени на Македонија. Тој вели дека Здружението брои 120 активни членови, но бројот постојано расте. Дарко појаснува дека барменството е добра и ценета професија, а ова првенство е уште една можност тие да се претстават пред јавноста, но и народот да ги види нивните вештини, сепак, се вели, барменот е бесплатен психијатар или, како што вели Дарко, барменот е човекот што ги чува тајните.
Фото: Александар Ивановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Коктели кои ја зголемуваат желбата за секс
-
Како се лажат туристите на Јадран: Плаќате скап коктел, добивате ладен чај
-
Заврши Државното првенство на бармени: Методи Перунковски и Александар Бошев ќе не претставуваат на светскиот натпревар во Софија
-
За титулата „Бармен на Македонија“ за 2015 ќе се борат над 30 учесници