| четврток, 6 декември 2018 |

Заклучете ја својата љубов на Мостот на љубовта

Сега и во Скопје имате можност со романтичен гест да се заколнете на вечна љубов.

Само еден катанец беше доволен за да никне идејата мостот на езерцето во Градски парк да стане Мост на љубовта – место каде што младите заклучувајќи го катанецот ја заклучуваат и својата љубов за навек.

most-ljubaven-2

Иако насекаде низ светот постојат вакви мостови, кои натежнуваат од огромниот број катанци кои вљубените двојки со години ги прикачуваат, сепак најпознат е Мостот на уметноста во Париз, каде што уште од почетокот на новиот милениум љубовниците оставаат катанци во знак на вечна љубов. На нив ги ставаат своите имиња или пораки, кои само за нив имаат посебно значење, а по заклучувањето на катанецот клучевите се фрлат во познатата река Сена.

candados

Pont des Arts во Париз

Досега најблиско вакво место ни беше прекрасната Врњачка Бања во Србија, односно местото од каде што почна целата оваа традиција. Легендата раскажува за младата учителка Нада и за српскиот офицер Релја, чија љубов се разгорува во екот на Првата светска војна. Набргу Релја заминува на фронт во Грција и никогаш не се враќа бидејќи на Крф се вљубил во една локална девојка, па ја раскинува свршувачката со Неда, која умира од скршено срце, чекајќи го  да се врати.

most-ljubavi

Мостот на љубовта во Врњачка Бања

Оттогаш младите љубовници, за да ја заштитат својата љубов, ги запишуваат имињата на своите сакани, го заклучуваат катанецот и го фрлаат клучот во плитката река.

Времето ќе покаже дали оваа иницијатива ќе проживее и во Скопје, па и тука ќе се забележат голем број љубави, да се надеваме без трагичен крај и со посреќна судбина од таа на Нада.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top