| четврток, 6 декември 2018 |

Лекарите се борат за неа, а Неда жали што преживеа

Инспекторите го истражуваат случајот со славната актерка Неда Арнериќ која падна од трети кат од станот во кој живее. Актерката нам позната како “Исправи се Делфина” не сакала да им раскаже на инспекторите како паднала од терасата и дали можеби сама се обидела да си го одзеде животот.

untitledukm67ij67i7i6i67-54633

63-годишната актерка паднала во депресија откако лекарите и обелодениле дека постои голема можност до крајот на животот да остане неподвижна во инвалидска количка, со оглед на тоа дека скрши три вратни пршлени.

Кога Итната помош која соседите и сопругот ја повикале стигнала на местото на настанот, Неда рекла: Ах, подобро да не преживеев…

Засега се истражува што точно се случило, а Неда е сеуште под надзор на лекарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top