МЗТ Скопје Аеродром по трет пат го совлада Фени Индустри и со конечни 3-0 се пласираше во финалето на кошаркарскиот плеј оф.
Актуелниот шампион на домашен терен славеше со 100-77 против кавадаречката екипа. Сите играчи од првата петорка на МЗТ имаа двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Урош Луковиќ со 17 поени, нa кои додаде и 10 скокови.
Во второто полуфинале одиграно вечерва во Скопје, Карпош Соколи го совлада Куманово со 74-65. Домашната екипа до победата стигна благодарение на подобрата игра во првиот дел, додека во редовите на Куманово неколку клучни играчи одиграа слабо. Најефикасен во победничкиот состав беше Марко Болтиќ со 21 поен. Карпош Соколи поведе со 2-1 во полуфиналната серија против Куманово.
Следниот натпревар се игра во петок во Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.