„Отворете ги прозорците“ и здружението „Конект“ го објавија повикот за учество на 120 лица со попреченост на неколку обуки кои ќе поттикнат нивно активно вклучување на отворениот пазар на трудот.
Обуката е за стекнување „меки“ вештини, како пишување CV, мотивациско писмо и подобрување на комуникациските вештини. Пријавувањето на кандидатите ќе трае до 20 мај. Со обуката планирано е да бидат опфатени 120 лица со попреченост од поширокиот Скопски регион – десетте Скопски општини и општините: Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец, Сопиште, Студеничани и Чучер Сандево. Mоже да се пријават и лица од други општини, доколку се во можност сами да ги платат патните трошоци.
Пријавувањето е онлајн, а до формуларот може да пристапите на овој линк.
По завршувањето на првата обука ќе биде избрана група од 40 учесници кои ќе добијат индивидуална скроена обука за специфични вештини. До крајот на прокетот најмалку 10 лица со попреченост ќе бидат поддржани да добијат вработување.
Повикот е во рамки на проектот Вработување на лица со попреченост – одржлив модел, финансиран од Европска Унија и ќе се спроведува во наредните четиринаесет месеци. Целта на прокетот е да поттикне активно вклучување на лицата со попреченост на отворениот пазар на трудот, да се промовираат позитивни примери кои ги надминале бариерите во образованието и вработувањето и постигнале да се вработат на продуктивни работни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст