Оваа диета е добра да се држи за време на летото, бидејќи се заснова на овошје и зеленчук кој во овој период го има најмногу. Направете голема листа на омиленото овошје и зеленчук и јадете го секој ден, пијте многу вода, осум чаши на ден, вода со лимон, правете смуди.
Понеделник
Првиот ден јадете само зеленчук. Да кажаме, сте избрале краставици. Може да јадете колку сакате. Овој зеленчук е одличен затоа што содржи 90 отсто вода. Ако изберете краставици, тие ќе го детоксираат вашето тело.
Вторник
Овој ден треба да му биде посветен на овошјето. Јаболки, праски, портокали, крушки, се заедно. Обидете се да ги распоредите во текот на денот, а ако и понатаму сте гладни, може да испиете шолја јогурт со помалку маснотии.
Среда
Овој ден се јадат јагоди, малини, капини, боровинки. Јадете во текот на денот но не заборавајте да пиете многу вода.
Четврток
Млечен ден. Сирење јогурт, кефир, кашкавал. Може да додате и малку крушки, грозје или црешни.
Петок
Диетата продолжува и се враќате на зеленчук. Одберете пет вида од вашиот омилен зеленчук и јадете ги во различни комбинации за појадок, ручек и вечера.
Сабота
Само овошје но може да јадете и јогрут со помалку маснотии за вечера.
Недела
Денеска е дозволено само да пиете шејкови и сокови од овошје и зеленчук – јаболки, портокали, домати, спанаќ, целер…
По диетата се враќате на нормалниот режим на исхрана, но тука се мисли на контролирана исхрана, без слатки, газирани пијалоци, масна храна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст