За реконструкција на регионалниот пат Тетово – Брвеница Чегране, во должина од околу 16 километри, се вложуваат 1,8 милиони евра. Целосната обнова на патот треба да заврши за два до три месеци, информираа при денешниот увид на градежните активности министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов.
– Досега е завршено поставувањето на првиот слој асфалт, некаде веќе поставен е и втор слој, така што очекувам дека во следните два до три месеци да заврши целосната реконструкција на овој патен правец – изјави министерот Мисајловски.
Минатата година, како што посочи Стојанов, преку програмата за инвестициско одржување на ЈП „Македонија пат“ беше направен патот Тетово – Пирок – Гостивар што се ноаѓа од другата страна на автопатот што ги поврзува овие два града. Патниот правец преку БрвеницаЧегране до Гостивар во вкупна должина од 16,7 километри ќе има два слоја асфалт и коловозна лента со ширина од околу 5 метри.
-За да го постигнеме ова проширени се два моста како и околу 3 километри од делницата со што ќе овозможиме побрзо и побезбедно минување на овој патен правец. Во овој регион досега се направени и 5 локални патишта со вкупна должина од 6 километри и вредност на работите од 27 милиони денари- рече Стојанов.
Активностите за обнова на патот Тетово – Брвеница Чегране – Гостивар започнаа минатата година. Паралено со оваа активност се работи и на клучката за вклучување на автопатот Тетово Гостивар од страна на Брвеница каде треба да се реши состојбата со експропријација на земјиштето додека клучката за влез на регионалниот пат кон Брвеница од страна на автопатот веќе е готова и се користи од возачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.