| четврток, 6 декември 2018 |

Хитлер на колена – заработувачка до плафон

hitler na kolena

Аукциската куќа „Кристи“ во Њујорк продаде контраверзна статуа на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер за рекордни 17,2 милиони долари. Статуата наречена „Тој“ е дело на познатиот италијански уметник Маурицио Кателан, а го прикажува Хитлер клекнат како се моли со поглед кон небото. Статуата е направена во 2001 година од восок, полиестерска смола и човечки коса. Инаку, аукцијата носи наслов „Осуден на пропаст“ и вклучува 39 дела. Претходно, статуата на Хитлер беше повеќе пати на советските изложби каде предизвика поделени реакции. Статуата во 2012 година беше поставена во поранешното Варшавско гето, место каде се убиени голем број Евреи и од каде се испратени во логорите на смртта, во време на режимот на Хитлер во Втората светска војна. Некои тој потег го нарекоа безчувствителна провокација, која го навредува споменот на еврјеските жртви кои беа убиени од страна на нацистите, додека некои ја фалеле, истакнувајќи дека статута дава силно емоционално влијание. Многу критичари тогаш рекоа дека скулптурата во уметничка смисла, поставува прашање дали Хитлер од Бога барал простување за сите негови злосторства.

hitler na kolena 2

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top