Групацијата Отпор работеше на соборувањето на Слободан Милошевиќ. Иван Андриќ беше дел од најтесното раководство на Отопр. Во периодот 2002-2004 година беше и дел од тимот кој ја водеше кампањата на СДСМ. Сите овие денеска се ставени во активна служба во Македонија. Тие во Србија веќе немаат кредибилитет, партиите кои се блиски до нив пропаднаа на изборите на 24 април, затоа што луѓето веќе знаат како и за што работат.
Ги советувам Македонците да видат што доживеа Србија од 2000 до 2012 и како е системски темелно ограбена. И како сме економски оштетени за 12 години демократска власт. Научете од нашите грешки, подобро ќе поминете, советува уредникот на Информер.
Македонија, како и Србија, е доведена во незавидна ситуација поради фактот што е мала држава која не може да биде фактор кој ќе одлучува, како на пример Русија, која може да ја затвори границата кога смета дека некој е неподобен да зачекори на нејзината територија.
Ние го имаме Стеван Дојчиновиќ, тој е основач и главен уредник или директор на Новинарска мрежа за борба против криминал и корупција – КРИК. Тој учествуваше, меѓу другото во лансирање на лажни афери сега во кампањата. Кога се обидел да влезе во Русија, со српски пасош, нам не ни требаат визи за Русија, вратен е со првиот авион, со образложение дека постојат индиции дека работи за западни разузнавачи служби. А штом Русија има индиции, тогаш тоа е тоа. Но, тој човек може да влезе на секое друго место.
Мотивот, објаснува Вучиќевиќ, поради кој луѓето како Дојчиновиќ, како Иван Андриќ од Отпор или Срѓа Поповиќ и други работат на уривање легитимно избрани влади, на ширење лажни афери и делегитиминација на избори е едноставен – пари. Никој од нив не работи од идеали или од љубов кон српскиот, односно македонскиот народ.
Тој во својот прирачник за „мирна“, „граѓанска“ промена на власта вели дека е потребно да се изврши рано делегитимирање на изборите. Тоа значи пред и после изборите. Значи вие сега го гледате тоа во Македонија. Тоа го прават сега кај вас. Однапред ви велат дека изборите ќе бидат украдени, објаснува Вучиќевиќ.
Така се подготвува теренот – прва фаза е непризнавање на изборите, во втората се прави сомнеж во се што е политичар. Партиите и политиката не ѝ носат добро на земјата, туку луѓето од улицата, она што го направи Отпор пред 16-17 години во Србија.
Млади луѓе, извадени од факултет, кои себеси се нарекуваат анархисти, кои не признаваат никаков авторитет, треба да бидат новата сила. Потпомогнати се од СЈО, кое исто така не признава ниту еден друг легитимен орган во Република Македонија, ништо не чини, не функционирало 25 години, се почнува од нула. Се што им се спротивставува е или корумпирано или треба да биде испратено во затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст