Синот на познатиот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ и пејачката Лепа Брена уживал на отворањето на еден познат белградски сплав, а друштво му правеа новата девојка Јована Баквиќ, снаата Александра и братот Филип.
Ова беше прво појавување на младиот Живојиновиќ со новата девојка за која медиумите веќе извесно време шпекулираа дека е новата снаа на Брена.
Како што пренесуваат медиумите Виктор цела вечер разменувал нежности со новата девојка, а фотографија од ноќниот провод на веселото друштво осамна и на профилот на постарата снаа на Брена пејачката на Гранд Александра Пријовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.