Новинарот Васко Ефтов во емисијата ВО ЦЕНТАР анализирајќи ги обоените револуции на Балканот и во Македонија оценува дека меѓународниот фактор, односно тие кои стојат зад обоената револуција, нема да дозволат по никоја цена одржување на избори на 5 јуни се со цел да се оневозможи убедлива победа на Никола Груевски, како што тоа го направи на 24 април Александар Вучиќ во Србија.
-По големата победа на Алексадар Вучиќ на изборите на 24 април беше сосема јасно дека меѓународната заедница нема да дозволи или ќе се обиде по секоја цена да се обиде да ги спречи изборите на 5 јуни и да не им овозможи на Никола Груевски да извојува така убедлива победа на македонската политичка сцена. Тука се поставува прашањето зошто Александар Вучиќ беше донесен во една таква политичка ситуација? Од една единствена причина- имаше задача да го признае Косово. Затоа беше оттргнат од партијата на Воислав Шешељ по што беше направена партијата Српска Напредна Странка и како лидер на таа партија односно како премиер на Србија мораше да ги исполни домашните задачи. Ако не ги исполни тие домашни задачи ќе му се случи македонско сценарио. Но во конкрениот случај за Македонија, што треба да исполни Никола Груевски? Да го реши проблемот со името? Ќе видиме, анализира новинарот Васко Ефтов во емисијата Во Центар.
Планот е да се одложуваат изборите се додека проценат дека ќе победи СДСМ
Уредникот на српскиот дневен весник Информер, кој важи за најмоќна медиумска фигура на политичката сцена во Србија, предупредува дека денес во Македонија се повторува истото сценарио што Србија го преживеа пред 16 години.
- На 5 октомври ние го имавме она што некој сега сака да го направи во Македонија. Исто сценарио. Луѓето од Отпор, верзијата на Канвас. Истите луѓе доаѓаат и прават проблеми во Македонија. Тие сакаат да кажат: не е важно што сакаат граѓаните. Ќе ве потсетам на една работа: никогаш не е утврдено дали Воислав Коштуница навистина го победи Слободан Милошевиќ на изборите во 2000 година. Се укажува дека не победил. Но беше потребно да се направи хаос и да се избегне вториот круг гласање за да се урне власта. Некој сега, од тоа што го слушам, не ви дозволува да одржите избори кога сакате. Планот на некој е да се одложуваат изборите се до моментот кога некој ќе процени дека доволно е добра ситуацијата, ќе победат нашите. Се до тој момент со различни изговори, демократски правила, со вакви или онакви изговори нема да ви дозволат да одржите избори, оценува Вучичевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ефтов: Прво некој во 2015 ви остава бомби пред вратата, потоа ви остава договор за Северна Македонија
-
Ефтов: Во што е храброста да се смени името на една држава?
-
Ефтов: Вчера вечер Христијан Мицкоски го прегази Зоран Заев!
-
Васко Ефтов до „шарените првоборци“: Од неделата наваму секое непојавување на медиум што не е под нивна контрола ќе значи страв од соочување со јавноста!